Според последните информации, еден од лекарите во Инфективното одделение е позитивен на тестот за коронавирусот, додека другиот лекар се наоѓа во самоизолација, информираат од локалната самоуправа од Прилеп.
Со ова, досега од коронавирусот се инфицирани три здравствени лица, вклучувајќи го и лекарот од Психијатриската болница од Демир Хисар.
На Инфективното одделение се наоѓаат три лица заразени со коронавирус и сите се со средна клиничка слика.