Доктор Лазаров сведочи: Со парите кои ги собираат како донации за своите болни деца, родители одат на одмори и реновираат куќи

Доктор Ненад Лазаров кој е еден од основачите на ECrowd.mk – македонска платформа за донации и поддршка за лекување на децa, на својот Фејсбук профил раскажа дека постојат и родители кои ги злоупотребуваат своите деца за собирање донации, а притоа парите ги трошат за друга намена.

– Гледам како родители заработуваат на своите болни деца. На одмори си одат со пари молени за здравјето на дете, си реновираат куќи, им остануваат пари “за не дај Боже” Зарем не плаши карма бе луѓе? Застанавме како ECrowd.mk пред цела јавност со цел свој интегритет за да гарантираме и да направиме да е видливо дека секој денар ќе заврши каде што треба така и ќе продолжиме.Ќе направиме се вакви криминалци од најдолен вид да нема повеќе! – напиша тој.

Доктор Лазаров апелира повторно, да не се донира на лични сметки ниту денар, бидејќи како што вели сега веќе нема потреба никаква од тоа!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.