Доктор од Здравствениот дом во Врбас, Дражен Пеша, физички на паднал медицинска сестра на работното место затоа што симнала икона од ѕид, јави РТС.
Од Здравствениот дом потврдиле дека лекар специјалист по cпортска медицина фи3ички напа днал медицинска сестра пред еден сведок и тоа во текот на работното време во амбулантата за спортска медицина. Надлежните отворија иcтрага на 17 декември кога сестрата поднела пријава против нејзиниот колега.
– Немој да ја симнуваш Света Петка, се слуша како вика докторот, додека сестрата му одговара дека тоа е просторија во која и таа работи.
Сестрата која во моментов е на боледување, потврдила дека снимката е автентична и додала дека ги менувала календарите на крајот на годината, па затоа ја симнала иконата.