Доказ дека Сугарески 20 години не направил ништо, ни како министер, ни како директор, пратеник, советник…?

Kaндидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Горан Сугарески, првите денови од предизборната кампања ги искористи за ветувања на нови сообраќајници и булевари.

Сликите и спотовите кои ги споделува на социјалните мрежи, би требало да бидат некакви ветувања, од човекот кој можеше сето ова да го реализира како министер, па и како пратеник и советник од 2000. година наваму…

Но, за жал тој е дел од екипата која реализира само 10 проценти од програмата од ветените проекти во 2017 год.

Никаде не споменува Сугарески што со 60 проценти повисоките сметки за вода, бесплатните паркинзи, затворениот базен, спортските сали, среќните земјоделци и пензионери…

Очајниот рејтинг, бојкотот во секоја урбана заедница, незадоволството од советничката листа, се показатели што веројатно му гарантираат пораз во првиот круг.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.