Исланд во четвртокот го имаше последниот тест натпревар пред почетокот на Светското првенство во Русија.
На домашен терен Ислаѓаните ја пречекаа репрезентацијата на Гана, а натпреварот заврши 2:2.
Она што ги освои срцата на фудбалските љубители беше гестот на Ганците, кои на почетокот од натпреварот направија нешто сензационално.
Фудбалерите забележаа дека на дел од дечињата кои беа нивна придружба им студи, па ги соблекоа тренерките и ги покрија дечињата.
Ова е уште еден доказ дека на расизмот не му е местото на фудбалските терени.
Öðlingar, eins og Tyrkirnir um árið. Lánuðu krökkunum jakkana sína í úðanum! #fotboltinet pic.twitter.com/LxymXYvfER
— Eyjólfur Garðarsson (@EyjolfurGardars) June 7, 2018