Доживува ли Египет париско сценарио?

eksplozijaegipett

Најмалку четири лица загинаа, а 12 се повредени во експлозии на две бомби во близина на хотел во египетскиот град Ал-Ариш, најголемиот на Синајскиот Полуостров, во кој биле сместени судии учесници во избирачкиот процес во земјата, информираа безбедносни и медицински извори.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, пренесуваат британските медиуми.

Во експлозиите загина еден полицаец, додека двајца судии се повредени.

Државната телевизија и безбедносни извори наведоа дека прво експлодирал автомобил-бомба, а десетина минути подоцна во истата област одекнала и втората експлозија.

Бомбаш-самоубиец се обидел со автомобил бомба да влезе во хотелот пред безбедносните сили да отворат оган врз него, по што автомобилот експлодирал, прецизираа безбедносни извори.

-На местото на нападот, околу кој војската и полицијата веќе направиле безбедносен обрач, пристигнале возила на итната помош, информираа безбедносни извори.

До експлозиите доаѓа еден ден по завршувањето на вториот круг од парламентарните избори, наведуваат британските медиуми, потсетувајќи дека огранокот на Исламска држава во Египет – „Синајска провинција“, слични напади во овој регион изведувал и порано, во обид да ја собори владата во Каиро.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.