Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со ниска облачност и појава на магла особено претпладне. Во крајните западни делови ќе има слаб локален дожд, а на повисоките планини слаб снег.
Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од четири до 11 степени.
И во петок ќе има услови за слаб локален дожд во крајните западни делови, додека во сабота и недела на повеќе места се очекуваат повремени врнежи од дожд со слаб, а во западните делови со умерен интензитет.
На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Температурата ќе има тенденција на натамошен пораст што ќе предизвика топење на снежната покривка.