Врнежи од дожд, проследени на некои места со ретки грмежи се очекуваат утре попладне, соопшти УХМР.
Пообилни врнежи ќе има во вечерните и ноќните часови кон среда, особено во северозападните и северните делови, каде што локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен.
Утре претпладне ќе преовладува претежно облачно време со кратки сончеви периоди.
Во среда во претпладневните часови се уште ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат локални и со послаб интензитет, а од четврток се очекува стабилно и потопло време.