Во големата сала на Собранието на Општина Прилеп денеска продолжи редовната практика за доделување на решенија од процесот на легализација. Градоначалникот, Марјан Ристески врачи 80 решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
„Процесот на дефинирање на статусот од недвижниот имот изграден бесправно пред повеќе децении продолжува со несмалено темпо во Прилеп“ , посочи градоначалникот Ристески. Дополнителниот рок за доставување на нови барања за легализација од граѓаните кој заврши неодамна ја зголеми бројката на предмети на недвижен имот што ќе биде опфатен со изготвување на геодетски елаборати. Општина Прилеп заедно со овие дополнителни барања регистрира околу 18 илјади поднесени пријави. Досега, преку приватните геодетски куќи и општинската урбанистичка служба финализирани се над 8.000 барања за легализација.