На свечената седница на Советот на Општина Прилеп која се одржа во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“, по повод Денот на ослободувањето на Прилеп 3-ти Ноември, синоќа на здруженија и поединци им беа доделени плакети и дипломи.
Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп, оваа година ги додели овие награди и признанија:
Награда за животно дело на Дуетот Кавсер Селимова и Ѓорѓи Желчески, за достигнувања во промоција на македонската музика во светот.
Плакети беа доделени на:
“Ротари клуб” – Прилеп, “Ромска солза” – Прилеп, Центарот за современа ликовна уметност, Џудо клуб “Сеишин” и ПСЗ “Козјак”.
Додека со дипломи наградени беа:
Рубинчо Белчески, Владо Ѓоргиески, Димитрија Чучуроски, Сузана Николоска, Драгомир Михајлоски-Пижа, Теодора Ристеска, Снежана Паноска и Валентина Пурдеска.