“ДОДЕКОМАНИЈА” – изложба од уметникот Ацо Таневски

_MG_1344

Во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворена изложбата ДОДЕКОМАНИЈА од уметникот Ацо Таневски. Градоначалникот Марјан Ристески беше дел од овој настан поздравувајќи го и посакувајќи му на уметникот многу успеси и понатаму.

Додекоманија креира концептуализиран и промислен интермедијален творечки проект, спој на ликовниот и поетскиот израз, блиска средба помеѓу сликата и песната, спој на два уметнички јазик контекстуалности/текстуалности, знаковности и семантички пракси. Додекоманија обединува на едно место четириесетина песни и исто толку визуелни претстави – колажи. Во друг контекст ликовниот елемент би бил илустрација на поетскиот запис, но овде овие два медиуми се перцепираат секој одделно, то ест се надополнуваат, затоа што претставуваат заокружени и лично одбележани целини, но воедно би можеле и да се читаат и како деликатни, симболични и културолошки кодирани паралелности. Можеби и самата поезија инспирирана од секојдневието на авторот, во својот зародиш го содржи ликовниот елемент, кој Таневски го претвора во слика.

_MG_1334

_MG_1325

_MG_1321

_MG_1318 _MG_1287

 

БИОГРАФИЈА од Таневски

Ацо Таневски роден 1965 година во Скопје. Средно уметничко училиште и Факултет за ликовни уметности завршил 1991 во Скопје, педагошки отсек со сликарство. Член на ДЛУМ  од 1993 година, и активен член на Сојузот на ликовни педагози. Има 10- годишно искуство од областа на образованието. Во моментов вработен како едукатор во Национална галерија на Македонија. Организатор на едукативни работилници и изложби за млади. Освен со ликовна, се занимава и со театарска и книжевна уметност.

Учесник на преку 60- ина групни изложби во земјата и во странство, како и на 30 ликовни колонии.

Селектирани самостојни изложби:

2017- WAS IST DADA галерија КО- РА, Скопје, Македонија

2016 –  Марини – центар за култура Мирка Гинова, Д. Капија,МК

2015 – R4 , галерија КО-РА дом на култура Кочо Рацин, Скопје,МК

2015 – Додекоманија, Њујорк, САД

2013 – 4 од 16, Заечар, Србија

2012 – Приказни од детството, Софија, Бугарија

2011 – Приказни од детската соба, Скопје, Македонија

1992 – Отпечатоци, Базел, Швајцарија




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.