Добро е што месецов има 28 дена, за да не и бидеме товар на Владата: Мерката за замрзнување на цените ќе важи до крајот на февруари

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција најави дека се очекува да се спречи зголемувањето на цените на основните прехранбени производи со утврдување на увозни маржи за производите на големо и мало.

Бектеши најави дека досегашната мерка за замрзнување на цените ќе важи до крајот на февруари.

„Оваа и следната недела ќе имаме директни средби со сите инволвирани страни, особено со производителите и трговците со прехранбени производи, оние производи кои се истакнати во одлуката за замрзнување, да се најде начин да не се зголемат цените, најверојатно ќе се оди со дефинирањето на одредени маржи во трговијата на големо и мало“, рече меѓу другото Бектеши.

Инаку, одлуката на Владата за замрзнување на цените на основните производи доаѓа по поскапувањето со месеци и по прогласувањето на кризната состојба во енергетскиот сектор, на 9 ноември.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.