Повеќекратниот шампион во Формула 1 Михаел Шумахер е во свесна состојба откако го примија во болницата во Париз, пишуваат британските медиуми. Таму се лекуваше со матични клетки. Фантастичните вести ги потврдува и Жан Тод, некогашниот шеф на тимот на Ферари, кој наводно вчера бил во болничката соба на Шумахер и со него поминал 45 минути.
Шумахер наводно бил лекуван од страна на францускиот кардиохирург Филипе Менаше, инаку пионер во лекувањето со матични клетки, а во болницата „Жорж Помпиду“ легендарниот возач стигнал во придружба на голем број телохранители.
Овој иновативен облик на лечење е продолжение на борбата за негово заздравување од тешката несреќа која пред шест години ја доживеа на скијање. Неколку месеци беше во индуцирана кома, а според пишувањето на „Л’паризиен“, ова е третпат како Шумахер доаѓа во болницата „Жорж Попмиду“ годинава.