Добриот збор го топи мразот и отвара железни порти: Поучна приказна која вреди да ја прочитате!

Интересна кратка приказна која деновиве се прошири на социјалните мрежи, која без разлика дали е вистинита или не, носи силна порака.

Ова е сликата на еден од работниците во фабриката за замрзнување риби. Додека продолжил да ја завршува работата, вратата од фрижидерот се затворила додека тој сè уште бил внатре.

Почнал да вика за помош, но смената завршила и никој не останал во фабриката. Беше сигурен дека неговиот крај е запечатен, без сомнеж…

Откако бил блиску до смртта, во тие моменти чуварот на фабриката ја отвора вратата од фрижидерот и во последен момент го спасува.

Директорот на фабриката, изненаден од настанот, го прашал чуварот:

-Како успеавте да дознаете дека работникот се уште е во фабриката и не ја напуштил?!

Тој одговори:

-Никој од работниците во фабриката не ме поздравува кога си одат дома, освен него и денеска не го слушнав неговиот поздрав.

Помислив дека тој сè уште ќе биде во фабриката, па почнав да го барам се додека не го пронајдов помодрен од студ.

Добриот збор го поправа вашето битие во умовите и срцата на другите.

Добриот збор го топи мразот и ги отвора железните врати!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.