Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК, вчера на социјалните мрежи напиша статус кој допре до илјадници корисници.
“Карпош три, веднаш на паркингот на тинекс здогледав стара бабичка која седи со главата надоле, а пред неа 2-3 гајби со прекрасно тазе набрани букети цвеќе. Тргнав кон неа и ја поздравив, ја крена главата ме погледна и едвај ме поздрави назад. Веднаш ја познав, тоа беше баба Ѓурга и просто не ми се веруваше дека сеуште “работи” и покрај староста.
Во тој момент, погледот на тие измачени очи, гласот и изгледот на тие збрчкани рацете ме скаменија. Очи кој кажуваа многу без баба Ѓурѓа да треба да изусти ниту еден збор. Ја запрашав дали е добра, уште колку букети останале и дали ако и ги купам сите ќе си иде веднаш дома за да се одмори од топлово?
Ме гледаше десетина секунди збунето па ми кажа: Земи ги синко ако не ти е скапо ама знам дека тоа се многу пари Премолчив на тоа, се насмевнав горко и ја замолив да ги изброи и каже колку би ме чинеле сите. Почна да брои но сфатив дека не може сама па заедно го сторивме тоа, а додека броевме си направивме муабет и почна самата низ солзи да ми раскажува за нејзиниот живот кој рече дека не го посакува ни на најголемиот душман.
Плачев и јас но во душата за да не ме гледа баба Ѓурѓа и ја слушав внимателно со грутка во срцето. Кога изброивме и кога и ги дадов парите ( 1.100денари ) ме праша кој сум јас и што работам.
И кажав дека сум никој и ништо, дека немам посебна титула во општеството и дека пробувам да останам ЧОВЕК помеѓу сите луѓе. Не знам дали ме сфати ама не е ни битно, најбитно е да знаеме дека баба Ѓурга има 88 години ( родена 1932 ) работи на ДОЖД, СНЕГ, ВЕТЕР и ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ и работи не од што сака туку од што МОРА за да ги прехрани и чува децата на нејзиниот син кој бил самохран родител бидејќи за жал нејзината снаа починала
Има букети од 25 и 50 денари, па би ве ЗАМОЛИЛ ако ве носи патот натаму да купите, а со тоа да и помогнете на баба Ѓурга. Само треба да ја осетите таа енергија која ја има за да сфатите колку е суров животот.
Букетите се прекрасни и секогаш тазе набрани, а баба Ѓурга е мојот нов идол и кога ќе ја запознаете убеден сум дека ќе стане и ваш”, напиша Панчо и доби илјадници коментари, пофалби и лајкови.
Неполни 24 часа по неговата објавата, баба Ѓурѓа почна да пречекува купци за нејзините прекрасни букети со цвеќе.
“Вчерашната иницијатива и статус на мое огромно задоволство стаса до многу хумани луѓе кои благодарение на сликата разбраа за патешествието на ЗЛАТНАТА баба Ѓурѓа.
Ве молам еден поклон до земја за Tijana Skulic и Kristina Gliguroska која денес ја испратија баба Ѓурѓа дома многу порано од вообичаеното и нормално ги купија сите волшебни букети.
Многу ми жал што 3-4 луѓе го сфатија вчерашниот мој апел како селф промоција но не е прв пат да излага отров и гнев од луѓето.
Со оглед на мојата професија низ сиве овие 18 години наназад сум сфатил дека никако не можеш да им удоволиш на луѓето но никогаш пак не сум им се лутел и ги сфаќам до негде. Кога ќе подразмислам и семоќниот БОГ Исус Христ не им чинел на сите негови добрини, а не па јас обичен смртник и грешник.
НАјБИТНО е дека ЦЕЛТА е ПСТВАРЕНА. Ве замолувам од срце оние кои сакаат и мислат дека е исправносекој ден да ми испраќате фотографии од вас и баба Ѓурѓа тука на ФБ или да ме тагнувате на мојот инстаграм профил @djshortypofficial се со цел баба Ѓурѓа да си иде секојдневно порано и да ужива дома со своето семејство во нејзината длабока староста ( 88 години ).
Ви благодарам на сите добри луѓе и сите оние кои праќаат позитивна енергија и го сфатија значењето на вчерашниот пост”, напиша Панчо денеска.