Добредојдовте назад во 1997 година: Ристо Пенов нов министер во Владата

Собранието денеска со 63 гласа „за“ го избра Ристо Пенов за министер за локална самоуправа на 88. седница. Пенов доаѓа на министерската функција откако неговиот сопартиец и претходник Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини.

Расправата за изборот на Пенов траеше три дена, а во тек на денешната дебата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нагласија дека заслугите на Пенов не се „толку големи“. Пратеникот Антонио Милошоски рече дека „е нејасно зошто Курто Дудуш не е предложен за министер за локална самоуправа“.

– Можеби Ристо Пенов бил некогаш подобро запознаен со предизвиците на локалната самоуправа и проблемите со кои се соочуваат општините, но има градоначалници во овој момент кои се соочуваат со актуелните проблеми и знаат што е најсериозно потребно за локалната самоуправа да се развива. Курто Дудуш е од ЛДП кандидат и нејасно е зошто ЛДП нема доверба тој да е министер за локална самоуправа. Курто Дудуш најверојатно не е пожелен ни во ЛДП, ни во Владата да ги застапува интересите на локалната самоуправа, рече Милошоски.

Мојата препорака до премиерот и до Ристо Пенов, како што рече, е „да се охрабрат и да им овозможат на граѓаните да изберат премиер, министер за локална самоуправа, за економија, за здравство и се друго, луѓе на кои ќе им веруваат, бидејќи очигледно е дека овој тим остварува само неуспеси“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.