Негативни се тестовите на семејството Трпчевски од Битола. Болницата „Плодонст“ на својата Фејсбук страница објави дека сите пет резултати кои пристигнале вечерва, а беа земени во саботата, се негативни и сите се во добро здравје.
Минатиот понеделник, пред една недела, кај д-р Христијан Трпчевски, тестот беше негативен. Во петокот позитивен, а во саботата, кога сите се тестиравме, повторно негативен. Дали д-р Христијан Трпчевски имаше или немаше корона вирус, останува отворено прашање, за кое медицината треба да одговори. Иако фамилијарно сите сме лекари, немаме одговор на оваа состојба-стои во објавата.