Испитниот центар за возачки испити во Битола и околните општини во понеделник (22.09.2025) ќе продолжи со работа.
Во соопштението објавено на веб сајтот на „Супер возач“ ДООЕЛ Битола стои следното соопштение:
-АМИЦ Супер Возач Битола од 22.09.2025 (Понеделник), започнува со спроведување на претходно одложените возачки испити. Кандидатите чии испити беа одложени ќе бидат лично контактирани за новите термини за полагање и истовремено истите ќе бидат објавени и на интернет страницата на АМИЦ Супер Возач Битола. Информација за прием на нови кандидати за возачи ќе биде објавена на интернет страницата на АМИЦ Супер Возач Битола.