Добра вест за светот: Украина извести дека сеидбата на жито започнала речиси во целата земја

Земјоделците почнаа со пролетната сеидба во речиси сите делови на Украина, независно од тоа што продолжуваат нападите на руските сили, соопштија властите во Киев.

-Сеидбата не почнала само во Луганск, изјави синоќа премиерот Денис Шмихал. Луганск инаку е под целосна контрола на руските сили.

Владата во Киев за земјоделскиот сектор обезбедила поволни заеми во вредност од 3,5 милијарди гривни или 116 милиони долари.

-Истовремено настојуваме да ги поедноставиме постапките за регистрација на земјоделска технологија, со цел да нема застои во земјоделските работи, истакна Шмихал.

Украина спаѓа меѓу водечките производители на жито во светот, така што слаб принос би можел да предизвика недостиг и скок на цената на житото на меѓународните пазари на земјоделски сировини.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.