Екипата на Прилеп со убедливи 35:28 го совлада РК Радовиш во 9. коло на Супер лигата.
Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп домашните ракометари го имаа водството во целиот тек од мечот.
На полувреме се замина со 20-17. Во вториот дел на гостите не им се дозволи да ја загрозат победата, бидејќи тие се доближија само до 2 разлика, а пак составот на тренерот Горан Кузманоски стигна и до плус 7.
На крајот сосема заслужен триумф на домашните од 35:28. Три важни бода за вкупно 12 и за место во средината од табелата.
Oна што беше интересно е тоа дека на клупата на РК Прилеп присутен беше Д-р Борче Јовчески, кој пред неколку дена ја презеде градоначалничката функција во општина Прилеп.
Јовчески и во изминатите 5 години волонтерски се грижеше за здравјето на играчите на РК Прилеп, а очигледно новата функција воопшто не го променила како доктор и човек.