Повеќе медиуми јавуваат дека за нов шеф на Јавното обвинителство за организиран криминал е избран Ислам Абази досегашен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Гостивар.
Абази за само неколку гласа на изборите на кои денеска можеле да гласаат сите македонски обвинители победил пред Ермонд Незири кој според извори во обвинителството е близок на луѓе блиски на СДСМ.
Новиот шеф на најмоќното обвинителство во јавноста важи за близок на ДУИ.
Абази за јавноста стана познат откако даде највисоки оценки за гостиварскиот обвинител Арсим Адеми кој се кандидираше за обвинител во обвинителството кое сега ќе го води тој. Адеми го водеше случајот во кој загина 34 годишен гостиварец во кој обвинетиот Зоран Милески Кичеец доби само 6 месеци затвор.
Досегашната обвинителка Вилма Русковска беше суспендирана од пеофиџа на ОЈО ГООК откако најави истраги за повеќе лица блиски на СДСМ и ДУИ.