Властите на Хартфорд, главниот град на државата Конетикат, се согласиле да платат речиси 900.000 долари отштета на семејство чие куче е убиено од полицијата пред 11 години.
Двајца полицајци во 2006 година влегле во заградениот двор на семејството Хартис, без налог за апсење, на основ на погрешна дојава дека тука е скриено оружје.
Тие изјавиле дека пукале и го убиле еден од бернандинците на семејството, кога кучето се обидело да ги нападне.
Отштетата од 885.000 долари, која вчера ја одобрило градското заседание на Хартфорд, вклучува надомест на штета и судски трошоци.
Ф.Г.