Добила џекпот играјќи ги истите броjки 30 години

Канаѓанка освоила џекпот од 5.3 милиони канадски долари (3.9 милиони американски долари) играјќи ги истите броеви скоро 30 години.

loto-640x427

Олга Бено од Истерн Пасаж во Нова Шкотска изјавила дека ја сонувала добитната комбинација во мај 1989 година и оттогаш редовно игра.

Кога ги видела бројките на екранот од телевизорот, помислила дека и се причинило бидејќи тие броеви постојано ги повторувала во себе.

Поверувала дури утредента кога истите бројки ги видела во локалните весници, пренесува „БиБиСи“.

Оваа добивка претставува поттик за добитничката на која пред десет години и бил дијагностициран четврт стадиум на рак и чие семејство морало да ја продаде куќата за да го плати лекувањето.

Госпоѓата Бено изјави дека нејзиниот сопруг, децата и внуците и помогнале да ја победи болеста и дека првото нешто што ќе го направи е да ги награди со патувањето во „Disney World“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.