Доаѓа циклонот Оливија – спремете се за студ, снег и права зима

Под влијание на Медитеранскиот циклон ОЛИВИЈА до крајот на денов ќе имаме облачно време со врнежи од дожд во најголемиот дел од државава додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде очекуваме значително зголемување на снежната покривка (за 20 до 30 цм, можно е и повеќе), анализира Славчо Поповски.

Снежната граница може да се спушти и нешто под 1000 метри па така врнежи од дожд и снег можни се и во некои од пониските места во државава. Количеството на врнежи локално ќе изнесува и над 30 л/м2 и тоа особено во јужните предели на државава.

Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 10 степени. Нов бран на врнежи, овој пат претежно од дожд очекуваме од вторник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.