До петок ќе се задржи стабилно со магла и ниска облачност по котлините. Од петок вечер ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд, а условите за магла ќе се намалат. Од понеделник нашето подрачје ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса што ќе услови засилен северен ветер проследен со значителен пад на температурата. Врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.