Доаѓа нов топол бран од Африка: Температурите наместа ќе се искачат и до 35 степени

Пред нас е нов бран на повисоки температури, невообичаени за овој период од годината, но и нестабилност и врнежи, велат синоптичарите.

– На повидок ни е и првиот поизразен топол бран од Африка, а тој барем според моменталните следења и наблудувања ни доаѓа од средината на следната седмица, а особено за време на следниот викенд, напиша метеопрогнозерот Славчо Поповски на неговата веб страна „МетеоАларм“.

Тој дополнува дека во текот на следната недела се очекува температурите на многу места низ Македонија да се искачуваат до 30 степени.

Во најтоплите централни и југоисточни предели од државава температурите се очекува да се искачат и до 35 степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.