Велигден е најголемиот христијански празник кој верниците гo прославуваат враќањето на Исус Христос од мртвите и победата над смртта, поздравувајќи се со зборовите „Христос Воскресе – Вистина Воскресе!
Според традицијата, првите јајца се вапцуваат на Велики Четврток, а она јајце кое прво ќе биде вапцано има магична моќ.
Јајцето е најголемиот симбол на празникот, домаќинките на Велики Четврток вапцуваат јајца кои го симболизираат воскреснувањето и почеток на нов живот. Традиционално јајцата се фарбаат во црвена боја.
Црвеното јајце го симболизира Христовото воскресение, тврдата лушпа на јајцето го претставува гробот на Исус, а кршењето на јајцата го симболизира воскреснувањето од мртвите.