Доаѓа вистинскиот студ и зима: Обилни врнежи од снег

sneg

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи претежно од снег, во крајните јужни делови од дожд и снег. Обилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови на земјава, каде ќе се формира или ќе се зголеми за околу 25 сантиметри нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од минус два до четири.

Во Скопје слично време, облачно со врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до три степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.