Јувентус договори нова соработка со техничкиот спонзор “Адидас” до лето 2027 година. Договорот ќе вреди минимално 408 милиони евра.
Според новиот договор “Адидас” на Јуве ќе му дава по 51 милион евра годишно, со тоа што бонусите не се пресметани во таа сума.
Зависно од спортските успеси, но и маркетиншкиот дел, “бјанконерите” ќе можат да заработат уште повеќе.
Само до крајот на 2018, “Адидас” на старата дама ќе и даде околу 15 милиони евра бонуси за одличните резултати оваа година и поради големиот раст на клубскиот бренд.
Доаѓањето на Кристијано Роналдо се покажа како полн погодок.
.@adidasfootball and Juventus: 2027
➡️ https://t.co/emyw4wXdIy pic.twitter.com/0atJgxaMDE
— JuventusFC (@juventusfcen) December 21, 2018