“Успехот на референдумот во Македонија, кој многумина го нарекуваа историски, за промена на името и евроатланските интеграции, по се судејќи е доведен во прашање”, напишаа “Дневне.рс”, еден од најчитаните портали во Србија, непосредно пред завршувањето на референдумското изјаснување во Македонија.
Од српскиот портал известија дека низ улиците во Македонија се слави поради слабиот одзив на гласачите на референдумот.
Со наслов “Ајварот го победи западот – пораз на ЕУ во Македонија”, од српскиот портал информираа дека референдумот во Македонија пропадна.