Во тек е активно пријавување на нашите државјани кои живеат во дијаспората за нивно гласање во ДКП на Македонија во странство. Секој што престојува/живее во дијаспората, има право да гласа на 11-ти април за парламентарните избори во Македонија, единствено што треба да се направи е:
Чекор 1 : До 11-ти Март да се регистрира на страната на https://dijaspora.sec.mk/ и да наведете во која најблиска
амбасада/конзулат ќе гласа.
Чекор 2 : За регистрација е потребно важечки македонски пасош, како и документ со кој се докажува дека граѓанинот е надвор
од Македонија (виза, дозвола за престој, зелена карта, одјавница од Македонија и сл.).
Со своето гласање дијаспората ќе може да избере свој претставник бо Собранието на Република Македонија, кој ќе ги претставува нивните интереси.
За да се одржи гласање потребно е бројот на пријавенк да изнесува над 6700 државјани. Моменталната бројка е 1600, остануваат уште недела дена за пријавување, гласините се дека дијаспората може да го исполни потребниот број.
Дијаспората годишно учествува со над 1 милијарда евра во македонската економија, пари кои нашинците ги испраќаат на нивните роднини во татковината или ги носат како девизи во нашите банки.
Иселениците се нераскинлив дел од Македонија. Со свој претставник во Собранието таквата врска само се зацрвстува.