Дишеш ли сега слободна Катерина? Дали познатата манекенка сеуште го поддржува Шилегов? (ВИДЕО)

Граѓаните од ден во ден се се погневни на неспособноста на Шилегов да се справи со најгорливиот проблем на граѓаните, енормното загадување на воздухот. Реакциите на граѓаните се уште по жестоки откако денеска додека во Собранието се расправаше за загадениот воздух, градоначалникот Петри Шилегов играше игра на својот мобилен телефон.

Па така твитерџиите ја прашаа манекенката Катерина Ивановска дали сега дише слободно, откако отворено за локалните избори даде поддршка за Шилегов и учествуваше во негов рекламен спот. Што се смени на подобро во Скопје откако тој седна во градоначалничката фотелја останува нејасно.

– „Дишеш ли сега слободно Катарина“? За време на кампањата за локалните избори во 2017, македонскиот топ модел Катарина Ивановска отворено застана на страната на сегашната власт,вклучувајќи се во кампањата на тогашниот кандидат, сега актуелен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, прашуваат твитерџиите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.