Изминаа цели 5 дена од прес конференцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред Центарот за социјална работа во Прилеп, каде од партијата информираа дека еден од нововработените во центарот управувајќи без возачка дозвола целосно го уништил службеното возило.
Според нашите информации од cooбpaќajната незгода кај населеното место Костинци во општина Долнени, изминати се 12 дена, а директорот на институцијата Дејан Тошески, досега нема излезено ниту со демант, ниту со инфорамција што ќе следи после ваквиот настан. Инаку Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп беше една од првите институции во градот која постави двојазична табла, а истата подоцна беше иckpшена.
Во продолжение потсетуваме на прес конференцијата од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, од каде го обелоденија настанот кој предизвика големо внимание кај јавноста.