Одговарајќи на многу прашања поврзани со приватноста за времена гостувањето на еден универзитет во Охајо, директорот на американското Федерално истражно биро Џејмс Коми посочи дека „апсолутната приватност“ го ограничува спроведувањето на законот.
Меѓутоа Коми најмногу внимание привлече со изјавата дека својата лична приватност на интернет ја штити со поставување на леплива трака преку камерата на својот лап-топ.
-Таа работа еден ден ја видов на вести и одлучив да ја применам. Видов дека некој многу попаметен од мене поставува леплива трака преку камерата, вели Коми.
Тој додава дека не е неразумно да се грижите поради веб камерата бидејќи многу сопственици на лаптоп компјутери не се ни свесни дека некој од далеку, без нивно знаење, бо можел да ја активира камерата и на тој начин да ги гледа и прислушува.