Во Романија поточно во градот Сату Маре, преку националната агенција за европски образовни програми и мобилност и програмата Erazmus + од училиштето СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп, на практично усовршување се ангажирани 20 ученици и две професорки. Активноста со наслов “Through practice to better skills” комплетно е финансирана од страна на националната агенција за европски програми и мобилност. По посетата од страна на Директорот Дејан Димоски, на лице место се остварени контакти со тамошните стопанственици од текстилната индустрија, кои ќе бидат домаќини на учениците од Прилеп. Директорот беше во посета на Фабриката за производство на машка горна конфекција“Dasim”, во која учениците ќе ја изведуваат практичната настава. Нашата делегација заедно со учениците беше примена и од Градоначалникот на Сату Маре Г-дин Dorel Coica.
Имав прилика да се уверам за условите кои ги имаат нашите ученици. Сместени се во хотел, со по три оброци дневно. Предпладне имаат активности во училиштето домаќин и просториите каде се изведува практичната настава, но и теоретски дел па и работа на компјутери, каде имаа можност да се запознаат со софтверот „ Gemini” кој се користи во текстилната индустрија. Романците се крајно љубезни и коректни и одговараат на сите наши потреби и барања за време на нашиот престој. По завршувањето на практичниот дел, учениците имаат работилници организирани во хотелот, но и забавни содржини, со што престојот им е поинтересен. Во наша чест беше организирана Романско-Македонска забавна вечер, каде учениците од двете држави се преставуваа со песни и традиционални игри од местата каде што потекнуваат, а се служеше и храна по рецепт на македонски традиционални јадења, каде во приготвувањето учествуваа и домаќините и гостите.
Учениците имаа можност да ја посетат локалната куглана, најновиот затворен аква парк “Aqua star”, да посетат кино престава, да играат фудбал против своите врсници од Романија. Ќе имаат прилика да ги посетат и околните градови, а до сега беа во преубавиот град Орадеа оддалечен 200 км од Сату Маре, каде се запознаа со културно историските знаменитости од овој град, како и замокот „Karolyi“ за кого слушнаа интересни приказни. Користам прилика да се заблагодарам и на националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Република Македонија, за укажаната можност за реализација на еден ваков мега проект за усовршување на практичната работа, рече на крајот Директорот Дејан Димоски.