Вророто полугодие од учебната година во Прилеп започна со немил настан, откако ученик во шесто одделение во ООУ “Гоце Делчев” Прилеп заврши со тешки телесни повреди по пад од прозорец. И додека надлежните работат на откривање на точните причини позади немилиот настан, денеска со писмена изјава до медиумите се обрати и директорката на училиштето, Снежана Котева.
Нејзината писмена изјава во целост ја пренесуваме во продолжение:
“Во текот на вчерашниот ден во попладне смената за време на големиот одмор се случи пад на ученик од втор кат на училиштето.
Веднаш по известувањето за случката отидовме на местото и ученикот беше во контактибилна состојба, свесен временски и просторно.
Во истиот момент од моја страна е повикана единица за итна медицинска помош, која интервенираше веднаш. Потоа ученикот е транспортиран со амбулантно возило до одделението за анестезија и трауматологија, во општата болница ,,Борка Талески” – Прилеп во наше присуство мое и на класниот раководител.
По одредени испитување добиена е препорака за транспорт на ученикот во државната болница ,,Мајка Тереза”- оддел клиника за детска хирургија како придружба на мајката во периодот на хоспитализацијата на ученикот и дополнителните испитувања присутни бевме јас, како раководител на институцијата и класниот раководител на ученикот.
Касно околу полноќ од дежурниот лекар на клиниката за детска хирургија добивме информација дека ученикот е во добра општа здраствена состојба, контактибилен, со одредени повреди, но е надвор од животна опасност и е во стабилна здравствена состојба.
Сакам да истакнам дека станува збор за ученик кој е беспекорно послушен, дисципиниран, воспитан, одмерен, дружењубив, трудољубив, редовен ученик со одличен успех и примерно поведение.
Од страна на вработените во училиштето е постапено навремено и правилно. Дежурните наставници најодговорно ја извршуваат својата обврска, во однос на дежурствата и присуството во ходниците во училиштето, почитувајќи го кодексот на однесување.
Моменталната состојба после обавениот разговор во текот на денешниот ден со родителот е стабилна и под контрола”.