Дипломи за повеќе од 200 деца од Прилеп за успешно завршени сесии по странски јазици

CIMG3941

Детската амбасада за сите деца во светот од Прилеп, денеска додели дипломи на над 200 деца од нашиот град, кои успешно ги завршија јазичните сесии по: англиски, германски, италијански и шпански јазик на Детскиот Едукативен Центар “4-ти Јули“ во Прилеп, кој постои 13 години.

CIMG3883

Денешниот ден за нив е уште значаен бидејќи склучија два партнерски меморандуми за соработка со други две организации и тоа: Џудо Клубот „Пролетер“ и „Асоцијација за уметност и култура на деца и млади Креативити“.Децата можат да ги користат дипломите за да го покажат своето стекнато знаење од јазиците. Покрај тоа дополнително децата ќе можат да ги користат услугите од заедничката соработка воспоставена денес со споменатите две организации.

CIMG3831 - Copy

  •  „Со самото создавање на условите за работа кои секогаш ни се приоритет за доброто на децата, интересот кај децата е многу голем. Квалитетниот кадар, друштвената атмосвера и сите вклучителни едукативно-социјални општетвени активности кои ги реализира Детската Амбасада се јасен придонес во градењето на хуманистичкото општество, како на локално, така и на национално и меѓународно ниво.                 

Нашите врати се секогаш отворени за сите деца. Наш совет е децата да побрзаат да го изберат својот јазик кој сакаат да го знаат, да зборуваат и да комуницираат со светот, ги повикуваме да дојдат и да го изберат во Детската Амбасада“, вели Генералниот секретар, Петар Стојаноски.

CIMG3944

  •  „Наши пријатели, пријатели на децата, Ви се заблагодаруваме на сите за Вашето присуство и за денешново заедничко радосно дружење со нас, со децата, со нашите партнери во соработката од ЏудоКлубот „Пролетер“ и „Асоцијација за уметност и култура на деца и млади Креативити“, сите заедно, прославувајќи го 13 роденден од отворањето на Детскиот Едукативен Центар „4-ти Јули“ во Прилеп.

Помеѓу сите овие прекрасни деца, на предлог на Детскиот Едукативен Центар „4-ти Јули“, 3 деца кои посебно се истакнаа во оваа учебна година, Детската Амбасада ги вклучува во летните кампови кои традиционално ќе се одржат и оваа година во Охрид“, истакна Александра Северкоска Стојаноски, Извршен директор на Детската амбасада за сите деца во светот.

CIMG3936




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.