Дино Мерлин и Здравко Чолиќ по 100.000 евра, а еве по колку заработија другите познати музички имиња

Балканската естрада добро се опари од новогодишната ноќ. Најголемите ѕвезди пееја од Вардар до Триглав за вртоглави суми.

Рекордот го срушија Дино Мерлин во Скопје и Здравко Чолиќ во Будва кои добија по 100.000 евра.

На третото место е Цеца која за настап во хотел во Белград добила „само“ 80.000 евра.

Висок хонорар добил и Жељко Јоксимовиќ од 75.000 евра за неговиот настап на Новата година во Сараево.

По 40.000 евра добија Лепа Брена и нејзината снаа Александра Пријовиќ.

Добра пара, 50.000 евра добил и Аца Лукас на Златибор, како и Наташа Беквалац во Виена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.