Димовски: Договорот од Преспа не го признава постоењето на македонски народ и македонска нација (ВИДЕО)

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на седницата на комисијата за Уставни прашања рече дека Владата требало да се бори барем новото име што го предлага да не е за внатрешна употреба.

Тоа според него би било некој оптимален компромис со Грција и дека новото име требало барем да се користи за мултилатерална комуникација и билатерална со Грција но дека Владата не дала одговор зошто е ова вака направено.

– “Ако се чита целата филозофија на договорот од Преспа тој не вели дека постои македонски народ и македонска нација. Тој вели дека вие имате право да се нарекувате како сакате. Грција се уште нас не ни признава постоење на македонски народ и македонски народ онаков каков што ние сакаме. Да точно дека нема право да ни забрани да се произнесуваме како такви но и досега немало право да ни забрани. Ова е некој одложен спор но не конечен спор и конечно разрешување на македонското прашање“, рече Димовски

Димовски посочи дека и после овие измени односот на грчата држава спрема македонскиот народ нема да се промени. Тој притоа додаде дека ако има нешто што може да се направи треба да се направи но не на сметка на македонското самоопределување.

Димовски исто така кажа дека убава е атмосферата да се каже дека ќе се има пријател плус но тој додава дека не треба да се лажеме дека односот на грчката држава кон македонскиот народ и македонскиот јазик нема да се промени и тоа е одложен конфликт.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.