Минатата година сте плаќале 984 денари плус за струја секој месец без да ви кажат ‼️, напиша на социјалните мрежи Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение неговите пресметки:
За само два месеци од Буџетот се исплатени 86 милиони евра на енергетските компании… Тоа се пари прибрани од граѓаните, од даноци… Тие пари требало да се користат за здравство, образование, патишта… Тоа се ваши пари…
86 милиони евра платиле 1.8 милиони граѓани (толку ДЗС кажа дека се во РМ);
Секој граѓанин платил 48 евра (индиректно преку данок);
Секое четиричлено семејство платило 192 евра (11,808 денари) плус од веќе платените сметки за струја;
Секое четиричлено семејство месечно (статистички, индиректно преку данок) плаќало 984 денари за струја повеќе од тоа што реално го платило со сметка.
Доколку просечно семејство до сега плаќаше 2000 денари за струја, со овие трансфери на средства од Буџет, веќе платило за 49,2% поголема сметка за струја за сите месеци од минатата година.
РЕК Битола работеше понекогаш со само еден блок (од вкупно три), ТЕЦ Осломеј не работеше, ТЕЦ Неготино не работеше, јаглен немаше во резерва (сега се купува поскап), мазут немаше (сега се купува поскап), водата беше потрошена во езерата уште летните месеци за бизнис и трговија и сеуште ја нема…
Овој трошок од Буџетот значи дека граѓаните се оштетени заради недомаќинско планирање, работење и несоодветно знаење на раководните лица во Владата и ЕЛЕМ, напиша Димовски на ФБ.