Димитриев: “Поднесовме измени за законот за одбрана, но без промена на името на АРМ”

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев изјави дека неговата пратеничка група денеска поднела измени на Законот за одбрана, ист идентичен со оној што е предложен од Владата, но без членот со којшто се предвидува менување на името на Армијата.

Димитрев кажа дека опозицијата барала да се повлече тој член, кој бил спорен за нив и оти би гласале се што значи усогласување со НАТО процедури и стандарди.

-Ние реалноста не ја игнорираме, но како опозиција сакаме таа реалност да ја промениме, рече пратеникот најавувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ доколку ја добие довербата на претстојните избори ќе се обиде да ја смени таа реалност.

Исто така, Димитриев изјави дека на седницата в понеделник треба да бидат ставени на дневен ред и измените на Законот за служба во армијата. – Не се става на дневен ред, не започнува собраниската процедура, иако беше најавен пред еден месец, рече пратеникот Димитриев.

Најави дека опозицијата ќе бара да се изгласа и законот за следење на комуникациите, пак, кој е поддржан и од власта и од опозицијата во прво читање, но, според него, блокиран со поднесување на еднострани амандмани од опозицијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.