Димитриев во Црешево: Сите семејства од поплавените подрачја ќе бидат 100% обесштетени

Премиерот Емил Димитриев и денеска е на терен во подрачјата кои беа зафатени од катастрофалното невреме во скопско.

 

dimitriev-v-cresevo-640x360

Тој изврши увид во активностите за санација од поплавите во населеното место Црешево и оствари средби со локалното население.

Димитриев им истакна на граѓаните дека по завршување на проценките, тие ќе бидат 100 проценто обесштетени. Мештаните на Црешево ја искажаа својата благодарност за брзата реакција на Владата и за помошта која им беше пружена по катастрофалното невреме.

Премиерот потенцира дека ова е прв случај во Македонија да се донесе одлука за целосно обесштетување. Тој ги потсети и на останатите владини мерки донесени во оваа насока како зголемувањето на социјалната парична помош за 50 проценти во следниве три месеци и за ослободувањето од работа на лицата од семејствата чии домови беа поплавени.

 

111

По тажните слики кои невремето ги остави зад себе, по денови макотрпна работа, поплавените подрачја речиси го враќаат својот изглед.

Механизацијата е на терен 11-ти ден и се уште се работи.

На терен се и тимовите за проценка на штетите. 40 од нив се тимови за проценка на штети во куќите, а 15 за земјоделски површини.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.