Димитриевски: ДУИ е газда на Македонија, СДСМ е приврзок

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски даде интервју за весникот „Вечер“ и вели дека оваа година, со прифаќањето на Францускиот предлог од актуелната влада, националниот празник Илинден ќе го пречекаме со едно горко чувство на неправда.

„За жал, Македонците и во 21 век сè уште се борат за своите правдини. Но, пострашно е што Македонците во 21 век се борат за основното човеково право, правото на припадност на одредена нација и правото на употреба на свој мајчин јазик. Илинденското востание и формирањето на Крушевската Република се настани од поновата македонска историја кои го потврдуваат вековниот стремеж на македонскиот народ за формирање на своја самостојна и независна држава. За Македонија настапува еден турбулентен период, разединето општество, период во кој ни претстои борба за зачувување на македонскиот идентитет, јазик, историја, култура и заштита на македонските историски настани и личности. Со еден збор, мораме да сториме сѐ за да ги зачуваме македонските национални и државни интереси“, потенцира Димитриевски.

Димитриевски кажа дека има контакт со раководството на СДСМ.

„Во СДСМ владее една мала политичка елита, која е базирана на клиентелистички основи, личен интерес, без државна и национална стратегија и единствена определба и визија е како да се зачуваат сопствените фотелји. Всушност, СДСМ не е вистинската власт, туку е приврзок на ДУИ, кој ги диктира политиките на владата и е грубо кажано газда во Македонија“, вели Димитриевски во интервју за „Вечер“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.