Пејачот Димитар Андоновски и неговата сопруга Христина, со која пред извесно време стапија во граѓански брак, денес во Битола ја прославуваат љубовта.
Свадбата, на која како што кажа Димитар, ќе бидат присутни голем број од неговите колеги со кои е близок била спој на традиционалното со модерното.
И на двајцата најважно им е на веселбата сите да се забавуваат и со нив да ја споделат нивната радост. Медениот месец ќе го поминат во Дубаи, а сакаат да имаат големо семејство со многу дечиња.