16 проценти е излезноста до 13 часот според податоците на Државната изборна комисија.
Претседателот на ДИК Оливер Дерковски на третата прес-конференција истакна дека според податоците со кои располагаат до 13 часот своето право го искористиле 261.473 гласачи запишани во Избирачкиот список.