ДИК ИЗЛЕЗЕ СО ИНФОРМАЦИИ: До 17 часот гласале 37,5 отсто од иселениците!

До 17 часот, 37,5 отсто од иселениците во дипломатско конзуларните претставништва излегле да го остварат своето право на глас, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

До 15 часот, пак, гласале 30,86 отсто од иселениците во дипломатско конзуларните претставништва. Сараево, Брисел и Прага беа градовите со најголем процент на излезност на денешното гласање на дијаспората во вториот круг од претседателските избори.

Според ДИК, во споредба со првиот круг, има поголема излезност во дијаспората. Во сите 32 дипломатско конзуларни претставништва право на глас имаат 1.781 избирач запишан во избирачкиот список.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.