ДИЕТА СО КОМПИРИ И ПИВО: За 100 дена успеал да ослабе дури 32 килограми!

Кога сфатил дека се запуштил и станал депресивен, овој татко од Мелбурн одлучил да преземе нешто како својата витка линија би ја вратил на старо.

Меѓутоа, неговиот режим за слабеење е крајно невообичаен – тој консумира само компири и пиво…Кон почетокот на годината, 36-годишниот Едрју Тејлор, којшто инаку пати од депресија, застанал на вагата и сфатил дека има речиси 152 килограми. Токму тогаш одлучил дека во следните 365 дена ќе консумира исклучиво само јадења од компир и на тој начин ќе докаже дека со помош на оваа намирница е дефинитивно возможно да се слабее.

– Го консумирам компирот буквално на сто начини, зачинет или во немасни сосови. Кога правам пире, наместо обично, употребувам соино млеко, напишал овој Австралијанец на својот блог Spud Fit додавајќи:

– Што се однесува до напитоците, пијам само вода, и понекогаш се честам со по некое пиво. Чајот и кафето никогаш не ги сакав нешто особено, па токму затоа не ги консумирам и сега. Од суплементи пак консумирам само витамин Б12, вели тој.
Првите месец дена не ни вежбал, а успеал да ослабе дури 10 килограи. Подоцна почнал по малку да тренира, но признава дека во таа своја намера дефинитивно не бил доследен. Но, 100 дена подоцна, Ендрју може да се пофали дека изгубил дури 32 килограми!

– Се чувствувам одлично. Полн сум со енергија и многу подобро спијам. Напади од депресија речиси и да немам.

И додека многумина сметаат дека компирот и не е најсовршена намирница за слабеење, Ендрју го докажува сосема спротивното, а и неговата крвна слика никогаш не била подобра, особено кога станува збор за холестеролот.
Сепак, докторката Џоана Мекмилан е помалку загрижена за овој маж, бидејќи се плаши дека коските ќе му ослабат поради недостатокот од калциум, но и поради тоа што тој со својата исхрана не внесува доволно железо и останати важни минерали.
Тејлор сепак не се откажува од својата намера да издржи цела година на компир-диета.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.