По хроно диетата, која дозволува да се слабее додека јадете буквално се, доаѓа уште една диета која се нарекува „испрекинат пост“.
Таа дозволува да се јаде буквално се, па дури и колачи, леб и се што мислите дека не е здраво.
Се прашувате каде е финтата? Па, смеете да јадете само осум часа во текот на денот.
Останатите 16 часа гладувате.
Вие може да одберете во кој период од деноноќието ќе поминете 8 часа во јадење.
На пример, доколку одлучите да јадете од 12 до 20 часот, пред и по овие часови ништо не смеете да јадете.
Доколку се придржувате кон ова единствено правило, килограмите ќе се стопат.