Во периодот од 01.01.2022 година до денес во Прилеп намерно се опожарени 23 возила од кои кај само 5 се откриени сторителите. Најмногу возила биле опожарени во 2023, дури 12, во 2022 година се опожариле 9 возила, а во месец јануари годинава 2 возила. Градоначалникот Јовчески бара преземање на посериозни мерки од полицијата за заштита на граѓаните – oбјави порталот “ИНФОКОМПАС”.
„Вакво нешто е недозволиво! Апелирам до Министерството за внатрешни работи итно да ги преземат сите потребни мерки за заштита на граѓаните. Наша основна обврска е да направиме се што е потребно секој жител да се чуствува безбеден и сигурен во сопствениот град“, вели во својата реакција градоначалникот Јовчески.
И граѓаните велат дека се чувствуваат небезбедни. Обвинуваат дека сторителите при голем број криминални дела не се откриваат.
„Ништо тоа е беззаконие што да ти кажам, никој не води сметка за ништо, нема власт, нема закон нема ништо. Не се чувствувам безбедно“’, вели еден граѓанин.
Целиот прилог погледнете го <a href=”https://infokompas.com.mk/2024/01/28/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d0%b7%d0%b0-2-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d0%bf-%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d0%b8-23-%d0%b2%d0%be/?fbclid=IwAR28T59IJDsJ8554q36szFIMTBaDuInL2O0fHmWY5eq-DuCGAfAnxMqj_Zk”>ТУКА