Дечкото на мајката во одбрана: Профилот на Александра јас го менаџирам, таа е на инфузија

aleksandra (1)

Смртта на младата Стефани од Аеродром крена многу прашина, особено по изјавата на нејзината мајка, сопственичка на спа центар во Стар Аеродром, дека Стефани се самоубила по траумите што ги добила по наводно силување од страна на таксист. МВР демантира дека имало пријава за силување во последните 48 часа, што дополнително ја вжешти целата ситуација.

decko

Во меѓувреме, на профилот на мајката на Стефани, Александра , постојано се постираат фотографии и други содржини од несреќната девојка, што ги налути корисниците на социјалните мрежи. Осудите насочени кон наводниот таксист се завртеа кон мајката – сите се прашуваат каква е таа мајка што веднаш по смртта на детето не престанува да комуницира на ФБ.

Прашината се обиде да ја спушти дечкото на мајката, кој на својот профил објави дека тој го менаџира профилот на несреќната мајка, а Александра е на инфузија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.